Музиката и Стравот

пишува Лазар Ставров

Во Македонија веќе подолго време има протести, Шарената Револуција го зеде својот замав и нема да престане.

Кавадарци се приклучи кон шарената револуција, луѓето излегоа на улиците низ градот, протестирајѓи за подобро утре, за подобар животен стандард, за деполитизација на градот, за подобрување на социјалните нормативи, за подобра културолошка атмосфера, за создавање на нови нешта, а не за враќање назад кон минатото од секој културолошки аспект..

Како музичар, композитор, новинар и како социјална персона, ги подржувам еве веќе година и пол протестите од самиот почеток, напишав над 30 официјални колумни, статуси и коментари имам секојдневно кои се насочени против глупоста, секојдневно се дружам со слободоумни, прогресивни луѓе, кои се борат за иста цел во државава исто како и јас. Сето тоа е насочено против режимот и се она што нарушија, а најмногу музиката, затоа што таа ми беше извор на средства 10 години. 10 години создавање, комонирање на музика, дружење со сите музичари од кавадарци, настапување со туку-речи сите индивидуални музичари, свирки, концерти, живеење во духот на музиката и за музиката воопшто, друго ништо не беше ни важно!

Но, сега сме на прагот на големи промени, а истите тие музичари, ги нема на протестите во градот !!! Има, но „главните“ си договараат свирчиња и свадбичиња и за ништо не им е гајле !!! Зошто ?

Си печалат паричиња во најлудото и најоткаченото време за музиката во Македонија воопшто, си се сметаат себе си за „градски фаци“ си лепат етикети, не ги интересираат воопшто промени, некои се за Русите, некои латентно (прикриено) ја подржуваат опозицијата, на некои жените им ги запослија во овој фашистички, тоталитарен режим, па си ќутат, си траат си свиркаат, како да не се дел од сево ова што се случува во моментов, се вадат со изговор дека имаат фамилии и дека треба да ги хранат истите, а од друга страна пушат скапи цигара, пијат Џек даниелси, Димпле, прават по 1000 евра и више месечно, свират Ју хитиќи и на новата генерација им презентираат шунд и квази музика, исто како да живееме во 1985 или 86 год. од минатиот век, а не во 2016 година.

Тоа е доказ дека и музиката е политизирана, „ЗА атер на парите се ќе направам“ !!!! Таа девиза е многу погрешна, тука доаѓаме до најлошото социјано влијание како кај нив, така и кај новите генерации, новите генерации ќе го следат теркот на „овие’ постарите кои ги наведов погоре, а тоа не смее да биде така, мора да и се даде надеж и мотив на новата генерација, ако некој ВООПШТО САКА ДА ИМА ПРОМЕНИ !?! А, ако не, ќе си биде вака уште долги години.

Оваа борба, драги мои колеги, не е само за денес, или за утре…. Трајните последици вие ќе ги сносите како бреме (товар) на себе, вам ќе ви биде потешко од обичниот граѓанин, кој знае зошто е надвор на улица !!! Затоа, борете се за своето индивидуално ЈАС !!! А, не за суетното и егостично ЈАС, излезете на улиците низ градот, да ве види народ, дека сте слободни, а не дека „за атер на парите се криете по дома“….

НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР !!!!!!

 

Оставете коментар