“Мерцедесот” од 600.000 евра во посета на селата Ваташа и Марена

Граѓански собир на ВМРО-ДПМНЕ во селата Марена и Ваташа

Вчера, претседателот на партијата, Никола Груевски, препознатлив меѓу граѓаните како Мерцедес од 600.000 евра, и се обрати на кавадаречката сиромаштија која живее во селата Марена и Ваташа. При обраќањето, како и на секоја средба испрати критики кон својот противкандидат во изборната единица 4, Зоран Заев, за тоа како ќе ја делел, федерализирал, кастрирал и што уште не ќе и правел на Македонија која изминативе десет години е толку разделена и поделена што не знае кој пат да го фати. Груевски им се обрати на ваташани и маренци, оние кои гладуваат на сто различни јазици, кои страдаат на сто различни начини и кои се сардисани од сто различни страни. Пред да пристигне во Кавадарци, претседателот на ДПМНЕ убаво се навежба да го рецитира албанскиот јазик, за да не си ја расипе петката кај коалициониот партнер Ахмети. Види видео и чуди се.

Груевски во утринската прошетка беше придружуван од дел од кавадаречката администрација, онаа најверната, со неколку тендераши, кои по него се влечеа како доенчиња по цицка, што државна што општинска. Вчера, во селата Марена и Ваташа, меѓу насобраните покрај административците од Кавадарци и Скопје, имаше и по некој мештан од селата Ваташа и Марена.

Мерцедес  Митинг Ваташа

Претседателот Груевски дојде дотеран на ниво. Наочарите од 80.000 евра му надзираа од својата јакна од неколку стотици евра која е изработена како специјална нарачка од кожата на 400.000 исселени македонци последнава деценија. Се двоумеше дали да ги извади и да биди фраер, но се сети дека во суштина е криминалец, член на злосторничко здружение и дека субвенции за кавадаречките лозари нема, пари за предаденото грозје нема, а кредити и долгови еден тон.

Но вети, даде збор, пред сите, дека со продажбата на левото задно тркало од неговиот мерцедес од 600.000 евра ќе го реконструира патот Кавадарци-Ваташа. Со продажбата на десното задно тркало ќе го направи мостот на крајот од селото Ваташа, оној кој локалните “патриоти” десет години упорно лажат дека ќе го направат. При продажбата пак на предното лево тркало ќе се направи модерна детска градинка а со остатокот од парите кејот на реката Луда Мара кој води до село Ваташа. Доколку се отвори простор за нови идеи и проекти, Груевски е спремен да го продаде и четвртото тркало. Можеби да ги исплати лозарите и земјоделците.

mercedes-vatasa3-800x445

Мерцедес Ваташа Марена

Паралелно со неговото гостување во тиквешијата, во меѓувреме, на северниот крај од Македонија, осумгодишно девојче со интелектуална попреченост  пешачи десетина километри дневно за да оди на училиште. Првачето Елеонора Младеновска од селото Враготурце, од почетокот на учебната година секој ден поминува по 4 часа во планина за да стигне на настава во соседното село Пелинце. Од дома излегува околу 5.30 часот и пробивајќи се по густата шума, непристапниот и стрмен терен, во училиштето доаѓа во 7.30, па откако ќе и завршат часовите повторно назад.

Нејзиното семејство живее на крајот на селото на падините на Козјак, на 1.200 метри надморска височина, на самата македонско-српска граница, 40 километри од Куманово. До нив може да се стигне исклучиво со џип, по тесен земјен пат долг 15 километри кој го поврзува селото со регионалниот пат Пелинце- Куманово.

Мерцедес Ваташа Марена

Оставете коментар