МАПА НА СВЕТОТ НА ЕЗЕРОТО КЛЕЈТРУП

Mапата на светот на езерото Клејтруп е минијатура од 5000м2, направена од земја, камен и трева. Се наоѓа кај селото Кјлетруп, Виборг – Данска. Сорен Поулсен креаторот на светската мапа, е роден во Данска во 1888 година. Дел од својот живот го поминал во Америка за подоцна да се врати покрај езерото каде е роден – Клејтруп.

map 2
Африка и Европа

 

map 3
Инспирацијата на Поулсен доаѓа во 1943 година, додека работи на одводите за нивите кои го опкружуват езерото.

 

map 4
Италија
Во 1943 година работел на дренирање на ливадите околу езерото, нашол камен во облик на Јутланд, кој го инспирирал да изгради свој мал свет. Во текот на зимските месеци, користејќи се со примитивни алатки, поставил големи камења над мразот, и кога дошла пролетта тие лесно би се преместиле низ просторот, и набрзо се исцртала светската мапа.

 

map 5
Со наоѓањето на камен во облик на Јутланд, Поулсен одлучил да ја комплетира неговата мапа на светот користејќи материјали од околината.

Уганда

map 6
Северна и Јужна Америка

 

map 7
Австралија
Светската мапа била креирана помеѓу 1944 и 1969 година, и има димензии 45 x 90 метри (49 x 98 јарди). Еден степен од 111 км географска ширина одговара на 27cm на картата на светот. Поради тешкотиите за ширење на сферичната форма на нашата планета северната хемисфера е обележана на две места со што се обезбедува подобар впечаток за правилни растојанија меѓу земјите. Црвените столбови го обележуваат екваторот а секоја земја е претставена со мало знаме кое со гордост е засадено во земјата.

map 8
Сорен Поулсен ги поминал пследните 25 години од својот живот комплетирајќи свет низ кој можеш на пропешачиш.

map 9
Британија и Ирска

 

map 10
Големите Езера

 

map 11
Данска
Изгледот на картата останал непроменет од 1969 година, година во која Поулсен почина на 81 годишна возраст и само неколку месеци по завршувањето на мапата. Денес “Светската карта на езерото Клејтруп” е популарна атракција во областа Виборг во Данска.