Ликовна изложба на Горан Боев во Домот на културата во Кавадарци

Самостојна изложба на Горан Боев

Во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2016“, во петок, на 18 ноември 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Горан Боев. На изложбата за првпат пред ликовната јавност ќе бидат претставени дваесетина нови дела на Горан Боев, апстракции во комбинирана техника, акрил и масло.

Во сабота пак, на 19 ноември 2016, со почеток од 19 часот, ќе се случи свечено пуштање во употреба на реновираната сцена и помошните простории во Салата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Вечерта е насловена како “Културата на Рожаје, Црна Гора – во Кавадарци“, а ќе содржи ликовна изложба и настапи на КУД “Врело Ибра“, етно групата “Тефериџ“, хорот “Илхам“ и танцовата група Пахуље“. Свој дел вечерта ќе има и Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при кавадаречкиот Дом на култура.

koncert-crna-gora

Оставете коментар