Љубица Каровска, лекарката со лажна диплома од Кавадарци е помилувана од претседателот Иванов???

Помилувана е и Љубица Каровска, која беше осудена бидејќи со лажна факултетска диплома работеше како лекар во Здравствениот дом во Кавадарци

Истиот ден кога целосно ја поништи аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица од понатамошно издржување на затворските казни.

Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Според она што може да се види, две лица целосно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, на шестмина затворските казни име се заменуваат со условни казни од три односно две години, а 20 осуденици делумно се ослободуваат од казната.

Меѓу помилуваните е Љубица Каровска, која беше осудена бидејќи со лажна факултетска диплома работеше како лекар во Здравствениот дом во Кавадарци и Перица Јанковиќ зад кого стојат повеќе разбојништва.

За потсетување, Љубица Каровска во Здравствениот дом во Кавадарци работеше како лекарка со фалсификувана диплома на Медицинскиот факултет и лажна лиценца на Лекарската комора на Македонија.

Тогаш Каревска беше експресно отстранета од работното место. Следеше истрага која покажа дека 27-годишната девојка неколку месеци работела во службата на Итната помош. Судот ја прогласи за виновна за трите кривични дела за кои беше обвинета: фалсификување на исправа, измама и надрилекарство.

Судот пресуди 11 месеци затворска казна за Каровска.

Оставете коментар