Кривична пријава за кавадарчани за продажба на хероин!

Двајца кавадарчани се здобија со кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ќ.Ч. (35) и Б.Б.(21) и двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 03.07.2017 година околу 21,20 часот во Кавадарци, на раскрсницата на улиците „Ресавска“ и „Пионерска“, првопријавениот му продал 2.25 грама „хероин“, на второпријавениот за износ од 3.000 денари.