Кој фактор е СДСМ во Кавадарци?

СДСМ мислат дека Сакалиев е доволно факторизиран за да биде фаворизиран да стигне до таму

Не е мешање во внатрепартиските работи, ниту желба да се влијае на локалната партиска политика и математика на СДСМ во Кавадарци, но правото на граѓаните кои излегле на гласање и ја ,факторизирале’ СДСМ да го искоментираат изборот на Ристо Сакалиев – новиот претседавач на советот на општина Кавадарци не може да им се одземе. Уште повеќе кога не се престанати приказните како се дошло до неговиот избор.

После губењето на позицијата градоначалник (СДСМ и неговиот кандидат изгубија на локалните избори) и на важната, па ако сакате и престижна позиција – претседавач на совет не седна човек од редовите на СДСМ. Можеби ќе кажат најповиканите во СДСМ – Кавадарци: ,Aма ние и вака го имаме мнозинството во советот’ или, тоа е дел од договорот’ но дали е тоа доволно и што значи за авторитеноста на партијата која освоила 9 мандати (најмногу) во советот.

Знаете, кога сакате сите проблеми да не ви излегуваат надвор од дворот, па ги ставате под тепих, заради мир во партијата’ тогаш и се случуваат хаварии во неизбор на градоначалник, години на ред, па во подвојување на редовите, потценување на претходни докажани функционери, завршувајќи со посрамотување на локалната партиска организација со избор на Ристо Сакалиев. Не, ова не е упатено кон советникот Сакалиев, за кого немам ама баш никакви забелешки кон неговата амбиција да седне каде што седнал. СДСМ мислат дека е доволно факторизиран за да биде фаворизиран да стигне до таму. Зошто? Немало да гласа за кандидатот за претседавач предложен од СДСМ. Мнозинството (со него) ќе го добиело ВМРО-ДПМНЕ. Море мајката! Па нека не гласа.

Ставите го таквото поведение на увид на јавноста на човекот кој повика да се дадат ,неговите’ гласови на кандидатот за градоначалник од СДСМ. Не може ако носителката на листа (така се зборува) изразила подготвеност за таа позиција, да ја одвраќате само заради тоа што ќе се изгуби мнозинството од Ристо и такви како Ристо кои се од редот на листата на советници на СДСМ под носителката. Тогаш (на локалните) не им сметало што ги предводела, ама сега за претседавач им смета!? И тие се амбицирале. Види мајката! Нека се изгуби бе другари советот, пробајте па ќе видите колку ќе им трае на ВМРО-ДПМНЕ, така крпен! Толку колку што ова ‘ваше’ мнозинство ќе биде ваше. Навистина, кој фактор е СДСМ во Кавадарци?

пишува Звонко Каров