ЕКСКЛУЗИВНО: Вистината кој стои позади затворањето на ФЕНИ!!!

Дел од опремата на ФЕНИ е попишана од извршител во име на компанијата „РОЛИС ГМ“ доо од Кавадарци чиј сопственик е Горан Митев

Eден од најголемите индустриски капацитети во земјава, комбинатот Фени индустри АД моментално се наоѓа во сериозна ситуација која го загрозува работењето и иднината на околу 800 вработени. Во моментов сметката на Фени е блокирана од страна на деловни банки, а дел од опремата е попишан од извршител, а во име на компанијата „РОЛИС ГМ“ доо од Кавадарци која комбинатот го снабдува со руда.

Според официјалните податоци, сопственик на фирмата е Горан Митев од Кавадарци. Оваа фирма е формирана во април 2016 година. Податоците од централниот регистар сепак покажуваат дека Митев е сопственик, косопственик и управител на уште неколку фирми. Една од нив е фирмата „СЕЛЕКТА“ која инаку ја има концесијата за користење на рибниот фонд од езерото Тиквеш. Фирмата Селекта, пак, е косопственик во фирмата „АЛМИАН“ доо, во која косопственици се и Иван Чавков, Зорица Чавкова, како и Томе Закирски и Горан Митев.

Иван Чавков е син на претходниот министер за внатрешни работи Митко Чавков од ВМРО-ДПМНЕ. Иван Чавков е сопственик и управител и на компанијата „ПОРТЛАНД-ОПЦ“ регистрирана за трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема и тоа во стан кој е сопственост на Митко Чавков. Тој е косопственик и во фирмата „ИН-МАК БЕТОН“.

Од комбинатот Фени индустри АД соопштија дека цената на никелот на светските берзи веќе неколку години е во континуиран пад, а од 2015 година продажната цена е изедначена со производната, поради што комбинатот има натрупани финансиски долгови.

Извор Либертас