Кој стои зад Талат Џафери ?

пишува Звонко Каров

Талат Џафери дал цврсто ветување дека со тек на време ќе го тргне знамето.

Да бев на местото на Талат Џафери на масата ќе ја ставев Могерини.

Брисел треба да биде второто Јајце за Македонија.

Ако не направите влада, мандатот ќе ми го вратите мене.(Хојт Ји)

Заев нуди живот во Македонија, ние сме задоволни и со животче.

Не е точно дека Албанците не ја сакаат Македонија.

Немам соништа за голема Македонија, сон не ме фаќа.

Киро за Ѓорѓе е Глигоров!

Наша стратешка цел е влез во ЕУ, НАТО и Гинис.

Имаме пизматични политичари.

Самобитни сме, правиме селфи.

Македонија е од памтивек, од 20-ти век.

Од многуте лоши карактерни особини на човекот најценети се искреноста и принципиелноста.

При ваква чаршија и чаршичкото школо е со понизок образовен стандард.

Многу писатели најбистар ум имале кога биле заматени.

Познавам многу кои не се дојдени од зад Карпатите. Од Бошавијата се.

Не сум паметен да кажам дали секогаш попаметниот попушта.

Онаа познатата, Колку јазици знаеш за толку луѓе вредиш, не се однесувала за албанскиот и македонскиот јазик.

Во шахот сите потези се прават за да се спаси кралот, во нашата политика – лидерот.

Убаво е да живееш во некое македонско село, не е убаво да живеам.

Стари скопјани имало најмногу во Бутел.

Докторот ми закажа за 15 декември. Не знам дали ќе биде жив дотогаш

На крајот од тунелот се гледа црна темница.

Природата ја сакам повеќе од општеството.

Најмногу ги боли за Македонија безобразните.

Подобро биди двосмислен отколку бесмислен.