3 на 3 кошаркарски турнир во Kавадарци

Покана до сите млади кои сакаат да се докажат на турнир во уличен баскет 3 на 3.

Кошаркарската школа “Спортисимо” од Кавадарци го организира својот десетти јубилеен стритбол кошаркарски турнир. Се покануваат сите заинтересирани деца да се пријават на овој спортски спектакл, без разлика дали се членови на кошаркарската школа “Спортисимо” или било која друга спортска кошаркарска организација.

Турнирот ќе биде поделен на три категории:

  1. Категорија – деца родени 2003 и 2004 година
  2. Категорија – деца родени 2005 и 2006 година
  3. Категорија – деца родени 2007, 2008, 2009, 2010 година…

Покрај спортската дружба на овој турнир ќе бидат доделени и награди за учесниците: медали, спортска опрема, дипломи, кошаркарски топки, капи…За сите учесници е обезбедено освежување со вода и сок.

Турнирот ќе се оддржи на 16-ти јуни (четврток) на терените за кошарка при основното училиште “Тошо Велков – Пепето” во Кавадарци.

Пријавување и информации на телефонските броеви: 076/219-725 и 071/288-173 или на фејсбук страната на кошаркаската школа Спортисимо.

турнир

Оставете коментар