Кошаркарски спектакл во Кавадарци!!!

Голема спортска манифестација ќе се оддржи на кошаркарските терени при основното училиште “Гоце Делчев” во Кавадарци

Утре, вторник, со почеток од 16:30 минути, кошаркарската академија “Спортисимо” од Кавадарци ќе го реализира својот традиционален завршен кошаркарски турнир на кој учество ќе земат сите членови од сите категории на оваа институција.

Резиме на уште една успешна сезона на најуспешнот кошаркарски колектив во општина Кавадарци кој работи со млади категории на кошаркари.

Од “Спортисимо” велат дека напорната работа секоја година им носи нови успеси и бележи добри резултати. Бројот на членови рапидно се зголемува, а стручниот кадар соодветно се справува со сите предизвици.

За утрешниот настан се очекува да присуствуваат сите членови на “Спортисимо” во придружба со родители, пријатели и роднини. За учесниците ќе има скромни признанија.

sportisimo-turnir1

sportisimo-turnir2