Кошаркарите на Фени Индустри со победа ја започнаа сезоната

Екипата на Фени Индустри на домашен терен во спортската сала “ЈАСМИН” во Кавадарци ја забележа првата победа во првото коло од оваа сезона над екипата од Куманово. Домаќинот беше поуспешен со 96–81. На полувреме 57-37.

Одлична игра на домашната екипа која со серијата од 16-0  во првата четвртина даде до знаење дека бодевите сепак остануваат во Кавадарци. Во останатиот дел од натпреварот играта се сведе на рутина и водството домаќините успеаја да го задржат до самиот крај.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Владимир Ивеља со 21 поени. Самарџиев постигна 17, а Николовски 16 поени. Во редовите на гостинскиот состав со 30 поени најефикасен беше Урош Луковиќ на кои придодаде и 12 скокови. Мандиќ и капитенот Костоски постигнаа 17 односно 14 поени.

Во второто коло (17 октомври) екипата на Фени Индустри му гостува на Кожув во Гевгелија.

Прво коло резултати:
Кожув – Работнички 88-67
МЗТ Скопје – Струмица 100-48
Карпош Соколи – Бест 113-62
Фени Индустри – Куманово 96-81

Двојки, второ коло (17 октомври):
Работнички – Бест
Кожув – Фени Индустри
Струмица – Карпош Соколи
Куманово – МЗТ Скопје

Оставете коментар