Кошаркарите на “Спортисимо” (М12) славеа на гости кај ФМП од Скопје

Убедлива гостинска победа на Спортисимо и генерацијата до 12 години

Младите кошаркари од кавадаречката кошаркарска школа на “Спортисимо” (генерација М12) ја забележаа својата втора победа по ред во лигата организирана од Кошаркарската Федерација на Македонија до 12 години.

kosarkari-sportisimo3-m12_800x445

По минатонеделната победа против екипата на Карпош Соколи од Скопје, каде на домашен терен беа поуспешни со резултат 52:44, овој викенд беше извојувана и првата гостинска победа против екипата на Академија на ФМП-Скопје со високи 20 поени разлика. Конечниот резултат на семафор беше 39:59 за гостите од Кавадарци.

kosarkari-sportisimo4-m12_800x445

Најдобар стрелец кај гостинската екипа а воедно и најефикасен на натпреварот беше Андреј Чадамов со постигнати 35 поени. Покрај него во екипата на “Спортисимо” се запишаа уште Христијан Миленовиќ со 10 поени, Стојанов Љупче 6 поени, Вељковиќ Бубе 4 поени, Богев Илија 2 поени и Митков Андреј 2 поени.

Значаен придонес во оваа победа имаа и останатите кошаркари кои беа во составот за овој натпревар: Александар Зимовски, Стефан Илиев, Јован Иванов, Мартин Николов, Борјан Бошевски и Дарко Макревски.