Кавадарчани победници на Street Basket турнир

Екипата на „Жито југ“  од Кавадарци се победници на турнир во улична кошарка Street Basket – Владевци 2016, кој под покровителство на општина Василево четврта година по ред се одржува во населеното место Владиевци.

Во големото финале, Кавадарчани беа подобри, го надиграа противникот „Нипром“  и заслужено го освоија првото место и победничкиот пехар.

турнир

Во борбата за третото место екипата на „Книжарница 5+“  беше подобра, така што екипата на домаќинот  „Авто парк Ване“ мораше да се задоволи со четвртото место.

За најдобар играч беше прогласен Милан Николов од екипата на „Жито југ“ Кавадарци.

Ова е веќе трет освоен баскет турнир за оваа кавадаречка екипа изминатиот летен период. Тие го освоија првото место и на турнирот во Росоман а се закитија со првото место и на синоќешниот турнир кој заврши во Неготино. Освоено е второ место на турнирот во Гевгелија.

На сите турнири за победниците беше доделен паричен фонд.

турнир

Оставете коментар