Кавадарци домаќин на европско првенство во тенис

Од 1-ви до 6-ти август, втора година по ред, во Кавадарци ќе се одржи европско првенство во тенис во машка и женска категорија за учесници до 16 години. Организатор на овој турнир е тенискиот клуб “Црна Река” од Кавадарци.

Учесниците доаѓаат од 16 европски земји:  Македонија, Србија, Хрватска, Косово, Бугарија, Русија, Турција, Грција, Германија, Словенија, Полска, Холандија, Романија, Англија, Украина и Италија. На овој турнир Кавадарци ќе биде претставен со две учеснички јуниорки: Ангела Мицева и Микаела Чејкова. Неизвесно е учеството на Марија Еленова.

Свеченото отварање ќе биде на 1 август со почеток од 19 часот. Тениските терени кои се во непосредна близина на спортската сала “Јасмин” во Кавадарци се повеќе од подготвени за овој мега турнир.

Ги покануваме сите љубители на спортот да проследат квалитетен тенис од светски ранг.

 

Подготви Бранко Трајковски

 

Оставете коментар