(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Кавадарци прва општина од МК што влегува во ЕУ!

Со влезот во ЕУ килограм грозје ќе биде 12 евра, килограм лозов лист 4 евра

Европската комисија го разгледа предлогот на Република Македонија за членство на ова земја во Европската Унија. На барање на македонската дипломатија оваа процедура ќе оди чекор по чекор односно периодично по една општина ќе влегува во ЕУ.

kavadarci-evropska-unija2_800x445Изборот на кандидати општини кој да го скрши мразот за влез во ЕУ бил огромен. Во крајно неизвесна и тесна конкуренција, приматот на прва македонска општина за влез во ЕУ и припадна на општина Кавадарци.

Од европската унија велат дека внимателно ги разгледале сите кандидатури и одлуката не била ни најмалку лесна. Главен критериум бил понудата на културно-образовно-социјално-спортски настани кои ги нудат кандиатите.

Токму еден таков настан изминатиот период се случи во општина Кавадарци. Имено, тезгаџии од градскиот зелен пазар меѓусебно си разменија тупаници, пиперки, шишиња, камења и по два кубика дрва по глава од причина чии пиперки каде да бидат паркирани, беше пресуден да оваа ЕУ титула замине во ветрините на општина Кавадарци. Неофицијални информации велат дека дел од учесниците се од соседната општина Росоман. Во таков случај предвреме знаеме која е втората македонска општина за влез во ЕУ. За повеќе детали од оваа културна манифестација погледнете од видеото.

 

“Кромид Вести“ е категорија наменета за хумор, сатира, пародија и сарказам. Повеќето од текстовите објавени во „Кромид Вести“ се измислени. Нивната намера не е да навредат или омаловажат. Напротив, да ја оддржуваат смислата за хумор и јавна критика и притоа да изнудат и по некоја насмевка.