Кавадаречко лудило! Масовно труењето на кучиња низ градот!

Продолжува труењето на кучиња во општина Кавадарци

Масовното труење на кучиња што се случува деновиве низ централното подрачје во општина Кавадарци ги згрози граѓаните кои беа сведоци на немили глетки и настани. Точниот број  на отруени кучиња не е познат, но ситуацијата е далеку алармантна.

Глетките на измачување на животните е страшна, кучињата од отровот добиваат напади и грчеви и за кусо време умираат.

Труење на кучиња

Од Здруженијата за заштита на животните, односно нивни активисти велат дека надлежните органи воопшто не реагираат, општ хаос се случува по улиците, каде секојдневно има расфрлано отрови. Вистинско чудо е како до сега дете се нема затруено.

Според сознанијата што ги имаат се работи за намерно труење бидејќи е фрлан отров на места каде најчесто се движат бездомни кучиња.

Труење на кучиња

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, претседателката на советот Горица Пеливанова-Вилхелм како и советниците на локалната самоуправа досега не најдоа решение за овој општествен проблем, кој заради човечко невнимание може ненадејно да ескалира и да се рефлектира кај најмалата популација на жители во Кавадарци. Кај децата.

Труење на кучиња

Граѓаните апелираат да се прекине со оваа  практика и да се најдат и казнат сторителите бидејќи отровот освен што е опасен за животните, може да убие и дете. Потребно е долгорочно институционално решавање на овој проблем.

Труење на кучиња