Ексклузивно: Кавадаречки производ наскоро на светскиот пазар!

Револуционерен производ за промена на секојдневниот живот

Кавадаречката компанија “Комун Аналец” со поддршка на локалниот јарамаз на општина Кавадарци и официјално го патентираа најновото достигање во делот на современата технологија. Станува збор за производот “Мулти Бетон Бандера” која ќе има двојна намена и тоа како далновод и како канта за отпадок. Проектот наиде на овации од страна на светските технолошки лидери посебно од земјите членки на ЕУ.

Овој проект дефинитивно го менува правецот во кој се движи светот во делот на јавната чистота. Заштедува, простор, работна снага а и финансии.

Од германското министерство за чистота и здравје веќе пристигнаа и првите нарачки. 4 000 илјади кавадаречки “Мулти Бетон Бандери” ќе го красат кејот на реката Рајна во должина од 42 километри.

Од највисокиот македонски врв велат дека промените полека полека граѓаните ги чувствуваат на своја рака а и кожа и потенцираат дека  покрај тоа што бандерите ќе се користат за поврзување електрична енергија и собирање на отпад, истите може да послужат и како новогодишна елка со што автоматски се штити еко системот и се намалува сечата на дрва.

Локалниот везир вели дека Кавадарци ја доживува својата ренесанса. Плодовите и бенефитот од овој проект најмногу го чувствуваат граѓаните. Во прилог може да погледнете како останатиот дел од светот со крајни сили се бори за зачувување на јавната чистота и здравјето на своите сограѓани. Од сликата може да се види дека живеат во крајно тешки и неиздржливи услови.

Европски производ

 

„Кромид Вести“ е категорија наменета за хумор, сатира, пародија и сарказам. Повеќето од текстовите објавени во „Кромид Вести“ се измислени. Нивната намера не е да навредат или омаловажат. Напротив, да ја оддржуваат смислата за хумор и јавна критика и притоа да изнудат и по некоја насмевка.

Оставете коментар