(ФОТО) Кавадаречката кошарка има светла иднина!

Ваквите таленти за кошарка не смеат да останат незабележани. Мора да ги згрижиме, да ја развиваме кошарката, да го развиваме спортот.

На 2 септември во општина Неготино во организација на унија на жени на Вмро-Дпмне беа организирани регионални спортски игри за дружење на внатрепартиското членство. На настанот учество зедоа униите на жени од општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Забава и дружба преку кошарка во преден план. Но индивидуалните потези на дел од учесничките посебно на оние од унијата на жени на вмро-дпмне од Кавадарци покажаа искра надеж и светла иднина кога е во прашање иднината на женската кошарка во Кавадарци, а богами и на репрезентативно ниво.

кошарка

Фотографиите кои беа објавени по социјалните мрежи од страна на унијата на жени на вмро-дпмне од Кавадарци наидоа на овации и топли поздрави посебно кај кавадаречката спортска јавност. Кавадарци отсекогаш имал таленти за кошарка. Еве, ги има и денес.

Ваквите таленти не смеат да останат незабележани. Мора да ги згрижиме, да ја развиваме кошарката, да го развиваме спортот. Воедно го повикуваме и селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација да помине овде, во Кавадарци, во просториите на унија на жени на вмро-дпмне, да се увери, да поразговара. Можеби токму во тие простории е вгнездена иднината на македонската женска кошарка.

кошарка

Оставете коментар