Иницијатива на кавадарчани против ТЕШКА ИНДУСТРИЈА!

Заедничка борба на сите граѓани за здраво и чисто Кавадарци, тешка индустрија – НЕ!

Денес во 12 часот, здружението ЕКО-живот од Кавадарци влегува во дваесет и пет дневна кампања за собирање на потписи (петиција) против ТЕШКА ИНДУСТРИЈА.

Акцијата за собирање на потписи почнува денес во 12 часот. Граѓаните ќе може да го дадат своето мислење и поддршка на еден од штандовите кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје. Еден штанд ќе биде поставен пред библиотеката Феткин, а другиот штанд ќе биде поставен на самиот плоштад. Тоа се двата пунктови на кои граѓаните на Кавадарци ќе може да го остварат својот глас.

Ги молиме граѓаните на град Кавадарци да излезат и да дадат поддршка за оваа иницијатива. Целта е ЗДРАВО И ЧИСТО КАВАДАРЦИ.

Исто така, целта на петицијата е да се направи притисок до локалната самоуправа на Општина Кавадарци како и градоначалникот на Кавадарци: да не се дозволи пренамена на замјиште од Г2 во Г1, односно да ја исклучиме можноста за дополнително загадување на град Кавадараци!

Kампања за собирање на потписи (петиција) против ТЕШКА ИНДУСТРИЈА
Kампања за собирање на потписи (петиција) против ТЕШКА ИНДУСТРИЈА