За Бошкоски нема притвор, процесот не е пречка да биде пуштен од затвор!

На денешното рочиште за „Ровер“, судијата кој го води процесот кажа дека ја известил управата во затворот во Идризово дека нема притвор за Љубе Бошкоски во овој предмет и дека оваа постапка не е пречка за негово пуштање од затворот.

– На барање на адвокатот го известив затворот во Идризово дека ниту имало, ниту ќе има притвор за Љубе Бошкоски во предметот „Ровер“.

Со тоа, „падна во вода“ неколку пати повтореното од директорот на Идризово, Живко Пејковски дека не може да го ослободи Бошкоски поради рочиштето за Ровер на 8. април, односно зошто против него се водел друг процес.

Сега се очекува со какво оправдување и изговор ќе настапи Пејковски со цел да го задржи Љубе Бошкоски во затворот во Идризово, иако по сите правила досега требаше да му го потпише решението за денови што му следуваат и со тоа да излезе од затвор.

Пејковски од страна на партијата на Бошкоски беше обвинет дека е еден од учесниците на тортурата која се спроведува кон екс министерот за внатрешни работи и најавена е кривична пријава против него. Според партијата, Пејковски за да ги зачува сопствените привилегии, постапува по наредба на власта да го држи Бошкоски во затвор, а во меѓувреме потпишува решенија и на 90 дена за други затвореници.

„Ровер“ беше одложен за 22. април, поради здравствени проблеми на еден од обвинетите.

Извор А1ОН

Оставете коментар