Заев смета на Србија

пишува Звонко Каров

 

Нормално е политичарите да бидат за народ(но).

СДСМ-овец на СДСМ-овец му е волк пред избори.

Кој ќе ги слуша фалбите на Груевски ако фати 4 градоначалнички места.

Паркот Жена- борец треба да се исчисти.

Го уценија, мораше да прифати функција.

Колку што разбрав Заев смета на Србија.

Вардарците нека се крстат на Глигоров.

Јавноста е под притисок. Престанал да пие, амнестирал.

Евтината тарифа на струја е бенефит за сиромашните. И за богатите.

Ако паднам ќе го замолам Заев да ме вработи во ЕЛЕМ. (Вучиќ)

Велија излезе од затвор, вечноста на Героски веќе не се доведува во прашање.

Бугарите не можеле да се најдат во Уставот на РМ. Она, други, им било малку.

На тие што имаат грб не им е важно дали образот им е ѓон.

Антифашистичкот отпор во Македонија не добил на темпо кога дошол Светозар Вукмановиќ. Киро ни кажа во документарните емисии на Сител и Канал 5.

Шансите да влеземе во НАТО мислам дека ни се поголеми ако не сакаме да влеземе.

Нашата армија ќе биде најмоќна на светот кога нема да биде сама.( Шеќеринска)

На средбата Димитров-Коsијас ќе се разговарало за докторатот на Фросина Ременски.

Македонија при одлуката за членство на Косово во УНЕСКО ќе ги има предвид интересите на Белград, Приштина, Скопје, Вашингтон, Брисел, Пекинг, Лондон, Париз, Москва…

Ретки се политичарите кои траат зошто не траат.

Иванов го потпиша ребалансот, да му дадеме уште еден вонреден мандат.

Ја покануваме делегацијата на Европските Зелени да одржи состанок на плоштадот во Кавадарци.

Скопје има славни маала, Дебар маала сад је шала.

Кога е во прашање Супер Скопје, Коце и Жерновски се (за)едно.

Македонијо, за љубов се потребни двајца.