Чешки државјанин загинал кај Демиркаписка клисура!

Искачувањето на карпи кај Демиркаписка клисура кобно за чешкиот државјанин

На 24.10.2017 година околу 12,00 часот било пријавено дека при искачување на карпи во Демиркаписка клисура, од висина од околу 20 метри паднал чешкиот државјанин Ш.П. (71). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Неготино. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.