ЕУ изгласа распределба на 120.000 бегалци

Министрите за внатрешни работи од земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за распределба во Европа на 120.000 мигранти, совладувајќи го противењето на голем број источноевропски земји на предлогот за квоти, соопшти официјален Луксембург, кој претседава со ЕУ.

– Одлуката за прераспределување на 120.000 луѓе беше прифатена со големо мнозинство од земјите членки – соопшти луксембуршкото претседателство на Твитер.

Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец прецизира на Твитер дека против оваа одлука, гласале неговата земја Унгарија, Романија и Словачка, а Финска се воздржала.

Извор ПЛУСИНФО

Оставете коментар