ЕКСКЛУЗИВНО: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци си го “начука” за сите пари!!!

Невиден срам, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ лажно пријавиле дека некој им го искршил партискиот прозорец!!!

Од ВМРО-ДМПНЕ Кавадарци, на 29-ти септември, во Полициската станица во градот пријавиле дека непознат сторител им ги искршил стаклата од излогот на просториите на Општинскиот комитет, сместен на улица ,,Моша Пијаде’’ број 4.

Стаклата биле со димензии 150 * 100 сантиметри, и наводно биле искршени на 28-ми септември, во ноќните часови. Сепак, по извршените проверки, било утврдено дека станува збор за лажно пријавување.

,,На ден 29.09.2017 год. во ПС на МВР Кавадарци  пријавено е дека, во ноќта на 28/29.09.2017 год. од страна на непознат сторител  се скршени две стакла од излогот на просториите на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци на ул. „Моша Пијаде“ бр. 4, со големина од 150 х 100 цм. По извршените оперативни проверки утврдено е дека се работи за лажно пријавување,  бидејки  оштетувањето на стаклото од излогот на партиските простории е настанато многу порано од датумот на пријавување – информираат од СВР Велес.’’