ЕВН одбива барања за приклучок, објекти на Тиквешко Езеро без струја и во 21 век

Компанијата ЕВН го одбила барањето на Бранко Трајковски од Кавадарци за негово приклучување на објект во електро дистрибутивната мрежа на Тиквешкото Езеро

Од ЕВН со образложение дека извршиле увид во поднесените документи од барањето при што утврдиле дека локацијата за каде што е поднесено барањето се наоѓа вон градежен опфат и за истата локација нема урбанистичка планска документација.

Трајковски е разочаран од одговорот од страна на ЕВН. Според него станува збор за селекција кај потрошувачите и граѓаните на Република Македонија.

Енергетската мрежа е на само 400 метри пред мојот објект и истата продолжува нагоре долж езерото. ЕВН како компанија има одговорност да им овозможи на сите објекти пристапност до електродистрибутивната мрежа. Да напоменеме исто така дека Тиквешкото Езеро е второ најнаселено место во тиквешијата, веднаш позади општина Кавадарци.вели Трајковски.

 

ЕВН одбива барања за приклучок
Решение на ЕВН за одбивање на барање за приклучување

Од ЕВН децидни на својот став, во образложението наведиле дека ЕВН нема постоечка нисконапонска мрежа на предметното подраќје и дека не постојат услови за изградба на нови електроенергетски објекти. Согласно претходно наведеното, барателот не може да биде приклучен на дистрибутивната мрежа.

Трајковски не се согласува со одлуката од ЕВН. Смета дека решението е прилично едноставно.

Доволно е само да се засили напонот на трафостаницата која се наоѓа во близина на Полошкиот Манастир. Јас веќе имам поставено бандера во дворот. Не гледам причина зошто јас и останатите објекти кои се протегаат на брегот на тиквешкото езеро да не бидеме приклучени на мрежата. А еве, деновиве ми стигна и данок за тој објект. Данок кој треба да го подмирам. Кога веќе го плаќам данокот, редно е да ги имам и сите нормални човечки услови за престој.вели Трајковски.

Трајковски изненаден од експресно брзиот и негативен одговор. Барањето го поднесил на 27.06.2018 а веќе наредниот ден го добил решението каде бил одбиен. Се прашува како успеале да направат увид на локацијата, иако му било пренесено дека и тој ќе биде повикан на лице место.

Во целава оваа ситуација да упатам благодарност до градоначалникот на општина Кавадарци што ми овозможи средба во неговиот кабинет со претставници на ЕВН. Но средбата како однапред да беше завршена.  Јас моето барање го поднесов на 27 јуни а веќе наредниот ден барањето ми е одбиено.вели Трајковски.

Од ЕВН велат дека Трајковски има право на жалба во рок од 15 дена.