Девојче проби кордон, побара од Папата заштита за имигрантите

За време на поворката на Папата Францис на Националното шеталиште, една млада девојка се проби преку оградата на барикадите за да му даде на Папата писмо.

Прво, обезбедувањето ја запрело, но Папата им дал знак дека девојчето може да се приближи. Толпата го поздрави гестот кога чуварот го крена девојчето кон Папата. Тој ја гушнал, а потоа девојчето му дала маица и писмо.

Во видео објавено на Гардијан, станива збор за девојката, идентификувана како 5-годишната Софи Круз од Лос Анџелес

“Папа Франциско, сакам да Ви кажам дека моето срце е тажно, и јас би сакала да Ве замолам да зборувате со Претседателот и Конгресот за легализирање на моите родители, бидејќи секојдневно се плашам дека еден ден тие ќе ги одземат од мене” пишува таа.

“На сите имигранти како татко ми им треба оваа земја”, вели таа.
Круз се опишува себеси како “американски државјанин со мексикански корени”. Таа вели дека нејзините родители емигрирале од Оахака, Мексико.

Нејзиниот татко, Раул, имаше жолта маица на која пишуваше “Papa Rescata DAPA!”, sе вели во Гардијан. Со пораката на маицата се бара од Папата да ја спаси “Акцијата за депортирање на родителите на Американците”, програма која има за цел да се одложи депортирањето на недокументирани родителите на американските граѓани или законски постојани жители.

Оставете коментар