(Д)ебати

пишува Звонко Каров

Дал господ, вели еден атеист-арамија.

Сега нема цензура,ама глупости…

Ако не можеш по своите, удри по Тито, вели новата политичка поговорка.

Граѓаните очекуваат од Заев да покаже дека СДСМ ќе биде китка за мирисање.

Ако во медиумите се е црно-бело, ќе биде сиво.

Ако во исхраната се вратиме на традицијата, треба да јадеме и пиеме само вода и да пееме.

Ако не можеш по своите, удри по Тито, вели новата политичка поговорка.

Граѓаните очекуваат од Заев да покаже дека СДСМ ќе биде китка за мирисање.

Историчарите сеуште немаат одговор на прашањето дали Донка отишла на кулата да јаде рудо јагне со агата.

За општата оцена на нешто и некого не давајте пет пари,таа доаѓа од широките народни маси

Одземањето иминитет на пратениците е ризична работа, Собранието не ќе може да се распушти.

За да биде Македонија витална мора да внимава на своите органи.

Од фејсбукот најмногу искористија оние кои беа слаби по краснопис.

Компромисот е нужност кој треба да се прави бескомпромисно.

Вучиќ пак ни се меша во внатрешните работи, сочувствува за смртта на Мицотакис.

Само тешко болен пратеник може да даде писмена оставка.