Дали е на повидок тениски ас?

Осумгодишниот Филип Панов е член на тенискиот клуб “Црна Река” од Кавадарци. Тенис започнал да тренира од својата петта година.

Имајќи го фамилијарниот ген за тениската игра – првите инструкции ги добива од семејството а подоцна под стручната работа на тренерот Златко Блажевски, малиот Филип брзо напредува. Па така оваа сезона на пет регионални турнири освојува пет шампионски пехари. А како најголем успех досега е освојувањето на шампионската титула на годинашново државно првенство.

filip-zlatko
Филип со тренерот Златко Блажевски

До крајот на оваа година му претстојат уште два силни турнири во Битола и Прилеп. Доколку малиот Филип продолжи со вакво шампионско темпо пред него е блескава кариера. Но за следните успеси надвор од Македонија ќе мора покрај поддршката од родителите истата да ја има и од градот Кавадарци но и од тениската организација на Македонија.

подготви Бранко Трајковски

 

filip-drugari
Филип со клубските другари Павел и Петар Мукаетови
filip-medal
Со вкусот на златниот медал
filip-sampionski-pehar
По обичај пехарот високо над глава

Оставете коментар