Во Кавадарци се гради најчудната градинка во светот

Детска градинка ќе “никне” сред медицински центар во Кавадарци

На невообичаена локација во кругот на медицинскиот центар, локалната власт на општина Кавадарци со помош на владата на Република Македонија ќе гради детска градинка. Станува збор за уривање на старата биохемиска лабораторија и на нејзино место треба да “легне” новата градинка.

Во овие моменти објектот е во фаза на изградба. Во негова непосредна близина се наоѓаат неколку амбуланти и ординации. Тука се и лабораториите за проверка на крв на болните како и микробиологија, одделението за вакцинирање, амбулантата за кожни болести и итната медицинска помош како и неколку локални кафани чии маси и столчиња надзираат во дворот на идната детска градинка.
Граѓаните кои живеат во непосредна близина на овој контраверзен објект велат дека се зачудени од еден ваков потег посебно на локалната самоуправа.

kav-gradinka-3 kav-gradinka-4

Со години наназад во Кавадарчани се борат за место плус за нивното дете во детските градинки. Иако капацитетот на сите заседно е околу 600 во моментот се сместени преку 1000 деца. Тоа е премногу и за децата и за стручниот кадар кој што работи со нив. Еве јас живеам овде, моето дете оваа година не го примија во градинка и сега мака мачам снаоѓајќи се на кој да го оставам час-два за да завршам некоја работа. Оваа градинка што овде се гради јас не би ја одобрил никогаш. Настрана тоа што е на несоодветна локација, нема дворно место за играње, сред медицински центар…Овде на десет метри се наоѓа центарот каде се делат терапии на наркомани. Дел од нив ја земаат својата терапија и ја консумираат веднаш позади центарот. Често одат и уште метар погоре кај споменикот од НОБ. Таму е страшно. Расфрлани игли и шприцови овде е секојдневна глетка. Јас сум сигурен дека ваква градинка не постои никаде во светот.локален жител

Овој објект се гради без одбрение од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС). Локалната самоуправа на општина Кавадарци не се повикала на стручно мислење од ИЗИС со кое би се потврдила механичката стабилност за овој објект.

Извор СЛОБОДНА

Оставете коментар