Во Кавадарци има “само” 3737 невработени лица, на што се должи оваа бројка?

Во последните десет години само во Европа од Македонија се иселиле 237.000 лица

Според Благој Борисов, раководител на Центарот за вработување во Кавадарци, општина Кавадарци е лидер по малиот број на невработени лица во Македонија. Благој вели дека успехот на намалување на невработеноста е резултат на активните мерки и политики за вработување што ги нуди државата.

borisov-vrabotuvanje-kavadarci-70x70

Аналитички гледано во периодот од 2006 до 2016 година Кавадарци е на прво место по намалувањето на бројот на невработени лица. На крајот на август 2006 година имаше 8763 невработени, а веќе во август годинава бројот на невработени е намален на 3737 лица. Стапката на невработеност изнесува 9,8%. Од кога дојдов во Центарот за вработување во 2000 година бројот на невработени беше 12.000.Благој Борисов

Граѓаните на општина Кавадарци со свои ставови и коментари за овие податоци кои доаѓаат директно од Центарот за вработување на општина Кавадарци. Обвинуваат дека реалните показатели се многу полоши и од пред десет години. Масовното исселување на македонците е најдиректен резултат за намалување на процентот на невработени лица, како во Кавадрци така и на ниво на Република Македонија.

Овие што ги викат, активните мерки и политики за вработување што ги нуде оваа држава се значи стварно успешни. Посебно од тој период, од 2006-2016 година откако на власт дојдоа овие кои сеуште не може да ги избркаме. Зошто е многу интересен овој период? Сеа ќе ви кажам: Појдете во било која кавадаречка куќа, во било кој дом, во било кое кавадаречко огниште. Не постои фамилија која барем едно дете не им е избегано во некоја туѓа, ничија земја. Моето од 2008 е во Германија. Внукот мој од брат ми, со фамилијата е избеган во Австрија од 2010. Роднини, пријатели, соседи…На многумина децата им се заминати во странство. Таму си ја бараат својата среќа. Баш заради тоа, заради добрите владини политики на вработување. И нормално, кога за периодот од последните десет години процентот на исселување се зголемува, пропорционално процентот на невработени се намалува. Тоа е таа добитна комбинација.Јордан В., жител на Кавадарци

Минатата година, поранешниот гувернер Петар Гошев на дебатата „Овој дом би си заминал од Македонија засекогаш“ посочи дека луѓето бегаат од Македонија поради неправдата, нееднаквоста и сиромаштијата и дека само во последните десет години и само во Европа од Македонија се иселиле 237.000 луѓе. Ширум светот се претпоставува дека бројката е некаде околу 400.000 македонски граѓани меѓу кои има и многу жители од Кавадарци.

Оставете коментар