Возило на “ЕЛЕМ” го блокира сообраќајот во центарот на Кавадарци

Поради непрописно паркирано моторно возило на компанијата “ЕЛЕМ”, сообраќајот во центарот на Кавадарци беше блокиран околу еден час.

Настанот се случи вчера (31.08) околу 13 часот попладне на улицата “Цано Поп-Ристов” во строгиот центар на Кавадарци. Возило-комбе на компанијата “ЕЛЕМ” беше непрописно паркирано и го отежнуваше сообраќајот. Во неколку наврати се направија долги колони од возила кои чекаа градските автобуси едвај да се протнат.

елем

 

На лице место пристигнаа припадници на МВР за да се отстрани непрописно паркираното возило. Револтот и гневот кај кавадарчани беше голем, се обидоа на своја рака да го поместат комбето кога веќе несовесниот шофер го немаше. Напорите беа залудни. После неполн час возилото беше отстрането.

Оставете коментар