ВМРО-ДПМНЕ почна да ги слави Киро и Бранко

пишува Звонко Каров

Јас сум против експлоатација на министрите, Заев треба под итно да воведе 8 часовен работен ден.

Браво Заев, ВМРО-ДПМНЕ почна да ги слави Киро и Бранко.

Моментално се развраќаме. Мора да ја стабилизираме смртноста.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила долгови. Нееее, Никола Поповски ќе се прави!!!

Ви благодариме, многу не задолживте за Македонија.

Кога им рекоа да мислат со своја глава, се замислија.

На една актерка од ВМРО-ДПМНЕ и се заканувале, го побарала Кевин Костнер.

Милко Калаиџиев (Куде си бе Батко) ќе ми биде секогаш подалечен од Арсен Дедиќ (Moderato cantabile)

Ако сакаш за себе да слушнеш убав збор – умри!

Си го барам дипломатскиот пасош за спомен и долго сеќавање.

Договорот со Бугарија е супер, нема да биде потпишан на струмички јазик.

Во мрежа сме со социјалните мрежи.

Груевски планирал да победи како минатиот пат.

Нашата Влада е лева, на пензионерите кои играат шах во автобусите на метрополата ќе им даваат и бесплатно сокче.

Подобро е да немаш свое ЈА ако си никаков.

Рибите најубаво поминуваат во Партијата.

Официјален јазик на волците е јагнешкиот.

Ќе има ли спас од фаленичари?

Криво ми е за Михајло Пупин, сигурно ќе дрмал во Вевчани ако дедо му не се иселил.

Само зрел политичар препознава кога му е прекапан народот.

СДСМ се ребрендира, помина на црвено.

Позитивни може да бидете и без да имате банка.

Со фејсбукот се сите живи и после животот.

Домаќинлакот на ВМРО-ДПМНЕ не треба да се гледа дали оставил долгови од СК2014, туку дали имало потреба или не од него.

Македонците и Бугарите направија компромис. Среќата ќе ја бараат во редовите нa договорот, а несреќата меѓу нив.

Бевме на терен, во кафеана.

Од неписмени не барајте да читаат меѓу редови.

Ќе го умреме Метју Нимиц.

Не им правите замерка на некои автори и рецензенти на книги, за пуста пара и Корнелие Ковач за Брена ја компонираше Ситније, Циле ситније.

Кое ниво на политичка мудрост треба да го сметаме за мудро?

Договорот со Бугарија ќе не прероди.

Подобро да ви е жал за СФРЈ, отколку за Отоманската империја.

Заев нека оди по фестивали, а нека избегнува ….јади.

Во Титова Југославија многу македонски националисти беа осудени да си бидат политичари, режисери, актери, новинари…

Ако Заев работи се што е во интерес на граѓаните тие може да го побараат и Жељко Јоксимовиќ за премиер.

За Виктор Иго може да се каже дека е голем интелектуалец, а за Ведрана Рудан дека е будала, ама не толку голема.

За да му служиш на обичниот човек мора да си исклучителен, зошто обични има отповеќе.

Се фатив на орото, мора да го доиграм. (Алаѓозоски, министер за култура)

Нека им се вратат пасошите, под услов цело лето од 12-15 да се појавуваат во галичка носија на плоштад Македонија.

Владата нема време, Скопје 2014 ќе го средуваат Грчев, Тричковски и Фрчкоски по медиумите.