Владата не нуди и не спроведува проекти, туку политики

пишува Мирјана Најчевска

И уште на почеток да се разбереме, Владата не нуди и не спроведува проекти, туку политики.

Тоа кретеноидите од ДПМНЕ ја сведоа работата на Владата на ниво на разбирање на дете од 5 години (затоа што само тоа можат да го разберат).

Политиката за извршување на законите значи градење на услови, структури на надзор, стратегии, планови, рамка на делување, а не преземање на улогата на локалната самоуправа, на бизнис заедницата, на универзитетите, на училиштата, на болниците, на граѓанскиот сектор.

Ајде да излеземе што е можно побргу од игралиштето со песок во кое ДПМНЕ правеше колачиња од кал и не тераше сите нас да ги јадеме и да се зафатиме со работа за градење на држава, како демократска алатка за остварување на интересите и потребите на граѓаните.

Член 91 *)
Владата на Република Македонија:
– ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;
– предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;
– предлага просторен план на Републиката;
– предлага одлуки за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување;
– донесува уредби и други прописи за извршување на законите
– утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа;
– дава мислења за предлозите на закони и други прописи кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;
– одлучува за признавање на држави и влади;
– воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави;
– донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство;
– предлага именување амбасадори и пратеници на Република Македонија во странство и именува шефови на конзуларни претставништва;
– предлага јавен обвинител;
– врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утвр-ени со Уставот и со закон и
– врши други работи утврдени со Уставот и со закон.
*) Со Амандман XXIV се заменува алинејата 12 на членот 91 од Уставот на Република Македонија.
А М А Н Д М А Н XXIV 20)
1. Предлага Јавен обвинител на Република Македонија по претходно мислење од Советот на јавни обвинители.
2. Со овој амандман се заменува алинејата 12 на членот 91 од Уставот на Република Македонија.