(ВИДЕО) Скандал за Водици во Кавадарци, поп му посака трет мандат на градоначалникот од ДПМНЕ!

По повод Водици во Кавадарци, поп јавно со поддршка за градоначалникот од ДПМНЕ

На самиот ден на празникот Водици, кога се спремаше церемонијата за фрлање на крстот во водите на реката Луда Мара во Кавадарци, се случи невидено фијаско.

Имено, откако беше фрлен и фатен крстот, еден од поповите задолжени за држење на говор, јавно изјави благодарност до градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, за она што го приредувал веќе неколку години по ред, му посака нова кандидатура за градоначалник и да добиел на следните локални избори.

Многумина од насобраните беа вчудоневидени од оваа скандалозна изјава, го осудија овој злосторнички чин од страна на лицето претставник на македонската православна црква.

Оставете коментар