(ВИДЕО) Баба Ванѓа предвидува, Македонија разумна, утрото на 12 декември 2016

Баба Ванѓа: “Македонецот ќе доживее прочистување и отрезнување на паметот!”

Баба Ванѓа, познатата јасновитка која досега има погодено дузина пророштва за иднината, како што се дека во 2016 Европа ќе биде речиси празна, и дека во 2023 ќе се промени орбитата на Земјата, предвидува дека ќе се случи нешто неверојатно низ улиците на Република Македонија на 12 декември 2016 година, само ден после парламентарните избори, најважни во историјата.

Баба Ванѓа вели дека Македонија конечно со разум ќе почне да се гради, дека македонецот полека од калта ќе се вади, дека ќе почнат признанија од цел свет да ни идат и од сегде делегации ќе дојдат да не видат.

Според неа, македонецот ќе доживее прочистување и отрезнување на паметот, конечно ќе се обедини, додека својот FOOTLOOSE ќе го артикулира и сподели со многумина свои блиски низ улиците на Република Македонија. Повеќе од видеото.

 

„Кромид Вести“ е категорија наменета за хумор, сатира, пародија и сарказам. Повеќето од текстовите објавени во „Кромид Вести“ се измислени. Нивната намера не е да навредат или омаловажат. Напротив, да ја оддржуваат смислата за хумор и јавна критика и притоа да изнудат и по некоја насмевка.

Оставете коментар