(ВИДЕО) Од џебот на лозарите во џебот на администрација!

Платите на кавадаречката администрација ги јадат парите на граѓаните

“Општинскиот буџет наместо да биде наменет во интерес на граѓаните тој е наменет за општинската администрација. Дури 60% од парите од буџетот на општина Кавадарци оваа година се потрошени на општинската администрација.” – изјави советникот Горан Белевски од општинската говорница по повод  51-та седница на совет на општина Кавадарци.

Од први јануари 2016 до 31 септември 2016 општина Кавадарци потрошила 400 милиони денари а од тие дури 228 милиони денари се потрошени на плати. Значи, платите на администрацијата ги јадат парите на граѓаните.

Кога најголемиот дел од буџетот е потрошен на плати тогаш многу малку останува за проекти кои се во интерес на сите граѓани. Од таму сте приморани да се задолжувате,  да земете кредит. Ветивте подземен коридор. Подземен коридор нема. Ветивте противпожарна станица. Противпожарна станица нема. Ветивте покриен зелен  пазар. Покриен зелен пазар нема. Ветивте аква парк. Аква парк нема. Ветивте пат Дисан- Кавадарци. Таков пат нема. Ветивте колектор во село Марена. Колектор во село  Марена нема. Горан Белевски, советник
Ветивте спортска сала во основното училиште “Страшо Пинџур”. Спортска сала нема. Колегата Јованчев и претседателката на совет Пеливанова присуствуваа на удирањето темели пред 3 години за спортска сала во основното училиште “Тоде Хаџи – Тефов” заедно со тогашниот министер за образование Панче Кралев. Може ли некој од вас да излезе и да и каже јавноста зошто сала сеуште нема? Вие претседателке, вие колега Јованчев и вие колешке што спиете, Јасминка Крстева, бевте присутни на промоција на нова противпожарна станица. Може некој од вас да излезе и да ни каже зошто градоначалникот сите нас не излажа?Горан Белевски, советник

Оставете коментар