Војдан Стојановски: “Вечерва не очекува ѓаволски тешка работа”

Стојановски и Николовски оптимисти  за вечерашниот натпревар против Велика Британија

Денес со почеток од 19:00 часот во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци се игра можеби најважниот натпревар од квалификациите за европското првенство во кошарка за машката репрезентација. Противник е репрезентацијата на Велика Британија. После победата против Луксембург во гости, оптимизмот во екипата расте. Разговаравме со Кирил Николовски и со капитенот Војдан Стојановски и нивните ставови околу денешениот натпревар.

Бранко Трајковски: Се наоѓаме во тешка ситуација, шансите се сведени на теорија…

kiril-nikolovski-200x200

Мора да се поправат грешките од претходните натпревари. Во првиот натпревар со Велика Британија одигравме доста слабо во одбрана. На синоќешниот тренинг ги анулиравме грешките. Што се однесува на денешниот натпревар треба да победиме минимум 17 поени разлика. Доколку само победиме ќе мораме да бркаме и победа во Унгаруја. Но сепак треба да очекуваме и поклопување на резултатите од останатите групи.Кирил Николовски

БТ: Публиката во “Јасмин” инсистираше на ваша поголема минутажа на претходните натпревари. Дали вие сте задоволен од прикажаната шанса и од минутажата?

Да ви кажам искрно од привете натпрервари не сум задоволен од пруженото затоа што имав ограничена минутажа и воглавно влегував од клупата за резервни играчи, додека на натпреварот со Луксембург бев во стартната постава и имав нешто повеќе од 12 минути игра. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот Раца во денешнот натпревар. Се надевам дека публиката ќе дојде во што поголем број затоа што нивната поддрша е неопходна.Кирил Николовски

Бранко Трајковски: Војдан, вие како капитен на кошаркарската репрезентаци што очекувате од вешерашниот натпревар?

vojdan-stojanovski-200x200

Очекувам на денешниот натпревар целиот тим да даде се од себе. Ќе биде ѓаволски тешка работа. Ќе се бориме за победа над 17 поени. Тоа ќе биде голем предизвик, но јас би бил задоволен и само со победа а потоа машки да се сјуначиме и да одиграме еден добар натпревар во Унгарија.Војдан Стојановски

БТ: Каква е здравствената состојба со вашиот брат, Дамјан? Порака до публиката за вечерашнот натпревар?

Дамјан пред два дена беше опериран во Австрија на вкрстените лигаменти. Операцијата беше успешна, Дамјан се чувствува одлични, сега му следува еден период на рехабилитација. За вечерашниот натпревар очекувам посета како на минатите натпревари. Но овојпат да не ги разочараме, да одиграме добро, да забележиме победа.Војдан Стојановски

 

Оставете коментар