Белоглав мршојадец слета сред улица во Кавадарци

Мршојадец се прошета по кавадаречките сокаци

Несекојдневен настан се случи во општина Кавадарци. Белоглав мршојадец засега од необјасниви причини слетал на улицата “Пере Тошев” и го вознемирил локалното население.

Станува збор за Белоглав мршојадец, редок примерок на европска птица, кој живее на висорамнината “Витачево”, Кавадарци, како и во планините во близина на селото Шешково. Ова младенче од птица чиј распон на крилјата е 1.8 метри сеуште не е евидентирана во системот на ретки птици заштитени со закон како македонско национално богатство.

мршојадец

Двајца кавадарчани, Блаже Миневски и Љупчо Василев откако паднала птицата ја згрижиле додека надлежните не пристигнале. На социјалните мрежи ја споделија својата неверојатна и несекојдневна случка.

Целиот избезумен и дезориентиран, пробуваше пак да полета, но направи поголема белја –  удри во уличните кабли и пак падна, веќе со повреда… Со еден комшија истрчавме да му пружиме помош и веднаш ги известивме Полицијата и локалното друштво кое се грижи за овие ретки птици. Од нивна страна ни беше сугерирано да го згрижиме да не се повреди уште повеќе додека да пристигнат на лице место…Блаже Миневски

Контактиран е Институтот за ветеринарство, кои што пристигнаа од Скопје и го превзедоа Белоглавиот мршојадец на понатамошни испитувања и лекување.

Оваа несекојдневна ситуација заврши со благодарност и уверување, кога ќе биде спремен ќе биде пуштен на слобода, таму кадешто припаѓа- високо во планините!

Белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) е голема птица, која спаѓа во фамилијата на јастребите. Белоглавиот мршојадец е долг 93-122 cm, и со распон на крилјата од 2.3-2.8 метри. Maжјаците тежат 6.2-10.5 кг, а женките 6.5-11.3 кг. Типичниот стар вид на мршојадците е со бела глава, со голем распон на крлјата и краток опаш. Тие имаат бел грб и жолтеникава боја преку целото тело. Имаат големо тело и темни пердуви.

мршојадец

мршојадец

Оставете коментар