Анкета: Зоран Бањански со најголема поддршка од граѓаните за градоначалник!

Партиите калкулираат до последно, влогот е голем граѓаните бараат промена во личностите

Во пресрет на локалните избори политичките партии полека но сигурно ги финишираат градоначалничките и советнички листи. Во неколку општини јавно се обелоденија листите со кандидати. Во општина Кавадарци деновиве се привршуваат пресметките кај политичките партии за нивно најидеално решение.

Екипата на “Мојот Град” изминатите две недели дејствуваше на терен, изработи мини анкета, разговараше со земјоделци, со граѓаните, работници, претприемачи, лозари и останати. Од она што може како заклучок да ви го презентираме почитувани е следното:

Во таборот на ОО СДСМ Кавадарци, главната битка се води помеѓу тројца од неколкумината предложани. Претседателот на ОО СДСМ, Зоран Ѓорѓиев, сега и директор на “Македонски Шуми” ужива 27% подршка од анкетираните, дел од нив членови и симпатизери на СДСМ, а поголемиот број случајно анкетирани жители од Кавадарци. Меѓутоа од извори блиски СДСМ дознаваме дека Ѓорѓиев од причина што веќе е директор на едно од најголемите државни претпријатија, истиот повеќе не е во игра за градоначалник.

Бетиан Китев е со поддршка од само 24% од анкетираните. Неговиот слаб коефициент најмногу се должи заради тоа што граѓаните од општина Кавадарци веќе еднаш му дадоа шанса да се кандидира како градоначалник од редовите на СДСМ, шанса која Китев не ја искористи. Голем дел од анкетираните со став дека пратеничкиот мандат е сосем доволен за Китев и дека собраниската говорница најдобро му “лежи”. Секоја наредна пружена шанса може да го одврати членството на СДСМ од Кавадарци на наредните локални избори и дека би ја прескокнале градоначалничката листа доколку Китев повторно се најде на неа.

Убедливо најголема и најочекувана поддршка со високи 49% од анкетираните како од дел од членовите и симпатизери на СДСМ а и граѓаните од општина Кавадарци има Зоран Бањански, советник во советот на општината како и координатор на советничката група. Жителите од општина Кавадарци за него велат дека одлично ги разбира и подржува ставовите на кавадаречките лозари, се залага максимално на советничката говорница за локалните проблеми и е најголем поборник за лошите политики на ДПМНЕ изминатите неколку години што ниту еден друг од предложените кандидати на СДСМ не се дрзна да проговори. За Бањански најголемиот број од анкетираните велат дека е идеално решение за Кавадарци, промена кон вистинско подобро, човек од градот и за градот.

Од ВМРО-ДПМНЕ сеуште калкулираат со својот кандидат. Заради слабиот рејтинг на сите нивни партиски кандидати, погледите им се насочени кој бизнис заедницата. Некаков “спас” бараат кај лицето Јанчев Митко сопственик на фирмата “Кожувчанка”. Ова е може да биде “нож со две острици” за Јанчев и неговиот бизнис доколку се појави како кандидат на ДПМНЕ и притоа претрпи пораз, нешто за кое шансите се многу големи и реални.