(ВИДЕО) Бањански “распали” по градоначалникот Панов!

Според Бањански, градоначалникот направил потези кои поттикнуваат сомнежи

Координаторот на советничката група на СДСМ во советот на локална самоуправа и еден од најсериозните кандидати за градоначалник на општина Кавадарци, Зоран Бањански, жестоко “распали” со критики по недомаќинското работење на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов како и неговата расколничка партија.

Во интервју за телевизија КТВ, Бањански прецизно ги посочи огромните пропусти од неколку круцијални тендери кои изминатите години ги направи ДПМНЕ на локално ниво притоа укажувајќи со совети и предлози за подобрување на работата на локалната самоуправа. Панов и ДПМНЕ во повеќето случаеви беа глуви и неми. Цехот на крајот го плаќаат граѓаните на општина Кавадарци. Повеќе од интервјуто на Зоран Бањански може да погледнете од видеото.