Барел

пишува Звонко Каров

Бејли може најбрзо да состави влада.

Откако му го видоа грбот, му плеснаа се в очи.

Дали кражбите по куќи се должат на имање или немање?

Нивниот лидер е прав џамбаз.

Ако функцијата на партиите е да се мразат луѓето,мисијата ја исполниле.

Само голема свиња може да ги обедини и седне на маса Македонците.

Политичарите ќе бидат раат од новинарите кога ќе си заминат.

Трамп ги американизира сите македонски русофили.

Од ЕВН сум задоволен, струја се.

Немаат осет, а сочувствуваат.

Кај нас и над Уставот има законче.

Собирајќи дневно-политички поени стигна до 5-ти мандат.

Во времето на Груевски барел нафта беше под 40 долари.

Политичарите во Вевчани ќе шетаат без маски.

Синоќа било -22. Мора да е мерено под сенка.

Македонците биле европски народ.Се случуваат грешки и во Википедија.

Нашето политичко и економско уредување се карактеризира со неуреденост.

Беше карактеристичен човек, немаше карактер.

За да ја бакне Моника Белучи си направи филм.

Анкетите покажуваат дека многу невработени се за флексибилно работно време.

Партиската програма не им е за полнолетна публика.

Некои имаат пријатели само на хартија, a други на ФБ.

Оставете коментар