Апел за помош од нашиот пријател Никола (Шиндре) Ристевски

Здраво на сите,
Пред сè ви пишувам вам бидејќи вие бевте помеѓу првите кои ми дадоа огромна поддршка за ова што јавно, гласно и протестно проговорив за она што се случува во мојата фамилија и навистина ви сум неизмерно благодарен за поддршката и храброста која ми ја влевавте и претходно.

Како и да е, здравствената состојба на мајка ми се искомплицира, а нашата финансиска ситуација се влоши со оглед на тоа што и татко ми боледуваше од карцином, а и многу други мои роднини и пријатели на моите.
Навистина нема кому друг да се обратам затоа што мислам дека тропав на секоја врата, а веќе и силите за борба ме напуштаат. Нам ни требаат до сабота околу 15.000 евра, ние собравме голем дел од нив, но остануваат уште 5-6 илјади евра кои моментално ги немаме.

Ова се случи бидејќи ФЗОМ одби да даде согласност за операцијата на мајка ми и ги замрзна средствата иако претходно добивме документ дека ќе биде покриено 80%. Можеби ќе водиме и правна битка, но за жал во овој момент тоа веќе не ме интересира.

Би сакал сите кои сте во можност да ми дадете позајмица која јас, морално и одговорно тврдам, а и во име на мојата фамилија дека ќе ви ја вратиме веднаш штом ќе добиеме пари од кредити, од нашите најблиски кои можат да ни позајмат на подолг рок и веднаш штом почнеме со продажба на нашиот скромен недвижен и движен имот.

Сакам да ви се заблагодарам без оглед дали сте во можност или не сте или дали можете или не, јас сакам да ви кажам фала и на тоа што ме сослушавте и ме гушнавте кога ми е најтешко. Никому од вас кои ве барам секогаш кога сте ми потребни не ви посакувам да се судрите со овие проблеми.

Со почит и љубов кон сите кои останаа луѓе,
Никола Шиндре.

Мојата трансакциска сметка е во НЛБ Тутунска банка и гласи:
210 501 677 133 541
Никола Ристевски.

 

П.С.  Овој фотоалбум го посветувам на мајка ми, татко ми, баба ми, стрико ми, вујна ми и сите други кои биле, се или ќе бидат болни од рак.
Овој фотоалбум е иссликан во зградата на стариот Офицерски дом во Битола. Целта е да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено за енормното загадување во Битола и околината од Рудерско-енергетскиот комбинат „Битола“ кое што е причина за многубројноста на болните од карцином.

Во Битола и околината има регистрирано над 4.000 луѓе кои боледуваат од карцином (самиот град има околу 60.000 жители), а главната причина за тоа е непоставувањето на филтри од страна на РЕК Битола, незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и немањето на силно граѓанско општество кое ќе стави крај на сите овие прашања.

Ова мора да се сопре, јас кревам глас за оние кои не можат да станат и гласно да викаат за своите права и одземеното човеково достоинство. Повеќе не смееме да дозволиме да ни се случува еколошки геноцид заради хировите и каприците на поединци.

posledniot_bitolcanec6
posledniot_bitolcanec5
posledniot_bitolcanec4
posledniot_bitolcanec3
posledniot_bitolcanec2
posledniot_bitolcanec1