Апел за помош за Филип Ризов од Кавадарци за учество на светско првенство

Апел за финансиска помош на спортистот на годината во Кавадарци, членот на кик-бокс клубот “Будо” од Кавадарци, Филип Ризов

Финансиите се потребни за учество на светско првенство кое ќе се одржи во Римини, Италија, од 16-ти до 18-ти јуни.

Да бидеме солидарни и да му помогнеме на кавадаречкиот шампион достоинствено да ги репрезентира Кавадарци и Македонија. Паричната помош може да ја уплатите на ж.сметка: КИК БОКС КЛУБ БУДО КАВАДАРЦИ 370061100289552 – ЕУРОСТАНДАРД Банка.

Спортски поздрав и oднапред благодариме.