Американците прават “град на духови” вреден милијарда долари

Во сушните рамнини во јужниот дел на пустината во Ново Мексико наскоро ќе се подигне град од песок, чија изградба ќе чини една милијарда долари.

Градот, планиран за население од 35.000 лица, ќе се состои од модерна бизнис-област во самиот центар и семејни домови во предградието на градот, а ќе содржи паркови, трговски центри и црква.
Интересно, според CNN, е што никој никогаш нема да го нарече овој град „свој дом“, затоа што на луѓето им е забрането да живеат во него.

На градот ќе биде изграден во рамките на проектот наречен „Центар за иновации, тестирање и еволуција (CITE)“ и претставува модел на обичните американски градови.

Сепак, овој град сепак нема да биде обичен, ќе се користи за развивање на нови технологии кои ќе ја обликуваат иднината на урбаните области.

Шемата во вредност од една милијарда долари ќе биде користена за спроведување експерименти во областа на транспортот, градежништвото, комуникацит и безбедност.

Визијата на овој проект е замислена како област во која ќе се врши тестирање на нови производи, услуги и технологии, но без нарушување на секојдневниот живот.

Се верува дека градот ќе привлече голем број на клиенти од јавниот и комерцијалниот сектори, вклучувајќи и владини организации, академски институции и некои од најголемите технолошки компании.

Изградбата на овој град ќе започне оваа година, а градот може да биде подготвен уште во 2018 година.

 

Оставете коментар