(ВИДЕО) Александар Панов и Стојанче Лазов почесни гости во “Галактичка Саботажа”

“Галактичка Саботажа” од Александар панов и Стојанче Лазов

Александар Панов и Стојанче Лазов, двајца локални градоначалници, едниот на Кавадарци другиот на Росоман, завземаа почесно место во спектакуларната емисија на новинарот Среќко Поповски.

Во склоп на емисијата “360 степени” и најновото ремек дело наречено “Галактичка репортажа”, која беше прикажана на 7 ноември (синоќа), 2016 година од 22.30 часот на телевизија “Алсат-М”, Панов на угнетениот кавадаречки лозар му објаснува како во иднина треба да вари ракија во моменти кога целиот род скапува на нива или кога има недостаток на неадекватна влада да ги реши проблемите со откупот на грозје.

Финансискиот гуру, Стојанче Лазов од Росоман, на своите сограѓани, соселани, сопартијци, им дели лекција од “Волстрит” што значи тоа задолжување а што е тоа кредит. Повеќе глупости од видеото.

Оставете коментар