Александар Панов е крив што не е реализирано зонско паркирање, Кавадарци е претворен во тешка паланка!

пишува Зоран Бањански – советник во совет на општина Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, на “Тв Објектив” кажа дека советниците од опозицијата го кочеле да го спроведи проектот зонско паркирање во Кавадарци и затоа проектот не бил реализиран.

Прво: Советот го изгласа проектот за зонско паркирање во Кавадарци пред 3 години а советниците на СДСМ гласаа против тоа стопанисувањето да биде од страна на приватен партнер.

Второ: Во текот на тие три години градоначалникот и советниците од Вмро и коалицијата донесоа низа одлуки како дополнување на првичната одлука со кои по сите основи ги намалил трошоците на приватниот партнер како обврска која ја имаше согласно првата одлука за обезбедување на минимум стандарди, а сето тоа на штета на Општината.

Трето: Незаконски не смени од комисијата мене и советничката Андова и си постави од Вмро членови на комисијата со што ја погази претходната одлука и направи правен гаф.

Четврто: Зонското паркирање е дадено на некоја фирма што се занимава со продажба на јајца за концесија од 30.000 евра во однос на првично донесената одлука од 47.000 евра. Впрочем градоначалникот го правдаше проектот на база на јавно приватно партнерство со фактот дека ќе се јавеле повеќе интересенти кои ќе наддавале и ќе сме постигнеле повисока цена.

Вистината е дека сега проектот нема дозвола од антикорупциска комисија на РМ.

До сега зонското паркирање ќе беше реализирано да не послушаа нас и да се направеше јавно претпријатие во сопственост на Општина Кавадарци но градоначалникот и советниците на Вмро му дадоа предност на интересот на  поединци од нивната партија и затоа немаме зонско паркирање.

Само тој е крив зошто не е реализирано зонското паркирање и нашиот град од еден од најубавите градови со градски менталитет, градски луѓе и градски содржини е претворен во тешка паланка од која огромен број на градски луѓе се исселија низ белиот свет.